
Припадничките на понежниот пол често имаат секс со мажи во надеж дека на тој начин нивното видување ќе прерасне во сериозна врска. Во реалноста, мажите емотивната и сексуалната врска ја доживуаат како два различни поими.
1. Жени кои оставаат впечаток на несигурна и слаба жена
Дури и жените кои имаат највисоко ниво на самодоверба понекогаш сосема случајно умеат да остават впечаток на несигурна и несамостојна личност на која мажот ѝ е и тоа како потребен, а токму тоа нешто ги одбива мажите и ја убива шансата за квалитетна врска.
Таков впечаток оставате со желбата за покажување во јавност, говорејќи неубави нешта за вашето поранешно момче и говорејќи неубави нешта за другите жени.
Ако говорите негативно за поранешното момче, всушност говорите негативно и за самите вас, а ако говорите негативно за другите жени, всушност ги потенцирате сопствените несигурности.
2. Жени кои целат на неговата сексуалност, а не неговата емотивна страна
Многу жени мислат дека мажите пред сè се сексуални суштества и дека емотивно ќе ги привлечат само ако ги привлечат во сексуална смисла. Жените често спијат со мажите во надеж дека на тој начин нивната врска ќе прерасне во нешто посериозно. Но, во реалноста, мажите емотивната и сексуалната врска ја доживуваат како два различни поими.
3. Жени кои не знаат да го препознаат потенцијалот за врска
Жените често гледаат потенцијал за врска токму таму каде што го нема. Ако чувствуваат силна привлечност, ги игнорираат разумот и инстинктите, при што прават превид во самиот факт дека токму тој маж не е потенцијал за квалитетна врска, ниту пак некогаш ќе биде. Особено е важно да се препознаат алармантните знаци, како што се лошото или агресивно однесување, незаинтересираноста, неверноста и додворувањето на другите девојки, уште на самиот почеток, со цел да се поштедите од понатамшно големо разочарување.