
Меди Зиглер е 12-годишно девојче од Пенсилванија, која наместо да живее нормален живот на девојче на прагот на тинејџерското доба, таа е планетарно популарна танчарка. Денес има над 3 милиони фанови на Инстаграм, а целиот свет ја забележа уште првпат кога се појави во спотот на австралиската пејачка Сиа, за песната „Chandelier“.

Претходно се има појавено и во едно реално шоу за танц, уште кога имала 8 години, каде и била забележана од Сиа.
По првиот спот, Меди се појавува уште во два спота на Сиа, „Elastic Heart“ и „Big Girls Cry“. Спотот на „Chandelier“ e 17-ти најгледан спот на сите времиња со повеќе од 712 милиони прегледи.
Во февруари оваа година, ова 12 -годишно девојче настапи во живо на доделувањето на наградите „Греми“, а гостуваше и во шоута на Џими Кимел и Елен Деџенерис. Денес е толку успешна што нејзината мајка најмила телохранители кои ја следат Меди 24 часа. Но, Меди исто така се соочува со истите проблеми како и многу детски ѕвезди пред неа – како да останеш дете, иако е светска ѕвезда која заработува повеќе од своите родилите.
– Повеќе не се чувствувам нормално, бидејќи ме препознаваат на улица, дури и кога само сакам да се забавувам или да изедам сладолед со пријателите – изјавила Меди. Меди и нејзината помлада сестра Мекензи заедно се школуваат дома, а Меди тврди дека вредно учи бидејќи вели дека не сака да биде само „глупава танчарка“.
Освен со танц, би сакала да се занимава и со пеење и со глума, па веќе имала помали улоги во ТВ серии „Drop Dead Diva“ и „Austin & Ally“. Својот успех, сепак, не го смета за апсолутен.
– На листата од еден до десет, мислам дека сум деветка, бидејќи дефинитивно постои простор за напредок. Знам дека можам да одам многу подалеку – вели ова млада талентирана танчарка.