Ужасно: Погледнете што и направи солариумот на оваа жена!

popara19 август, 20151min00
10

Кога на социјалните мрежи објавила селфи од нејзиното лице уништено поради рак на кожата, Тони Вилоби немала поим дека ќе стане позната. Се надеваме дека и вие многу ќе научите од неа.

slikasolar

Тони Вилоби имала само 21 година кога себе си се погледнала во огледало и видела како лицето буквално ѝ се распаѓа поради рак на кожата. Таа за време на средношколските денови одела во солариум четири до пет пати недело, затоа што во тоа време сакала да биде што „потемна“.

Меѓутоа, зависноста од сончање, односно тенорексија, за малку ќе ја чинела живот. „Ако некому му треба дополнителна мотивацја за да не оди во солариум, еве ја! Вака изгледа рак на кожата во напреден стадиум“, напишала таа покрај селфито кое само на Фејсбук го виделе повеќе од стотици илјади луѓе.

Кога прв пат отишла кај дерматолог, тој ѝ открил опасен канцер на лицето. Сега таа на секои шест месеци оди на прегледи и досега и` се отстранети дури шест тумори, од различни подвидови, пишува британски Mirror.

1slikasolar

„Не се сите ракови на кожа младежи. Само еден од моите канцери настанал на место од младеж. Што забележите било каква сомнителна точка, пега или дамка на кожата, веднаш појдете на лекар! Ако некое мозолче упорно не сака да зарасне и упорно крвави и прави красти, одите на лекар!“, го раскажува своето искуство оваа млада жена.

Таа имала среќа што секое лечење досега било успешно и сега таа е омажена жена и горда мајка на едно прекрасно момче. Но, ако не реагирала на време, којзнае како сето тоа би завршило.

„Што побрзо откриете за што се работи, помали се шансите канцерот да порасне и да метастазира подлабоко во кожата. Што побрзо реагирате, лузната ќе биде помала. Сигурна сум дека не сакате да бидете грди, а уште помалку една бројка плус во статистиката на оние кои починале поради рак на кожата“, вели таа.

2slikasolar

Оваа медицинска сестра денес има 27 години, не излегува од дома без крема за сончање, а за солариум не сака да слушне.

„Мачкајте се со креми, а ако толку сакате боја, користете креми за самопотемнување. Имате само една кожа, чувајте ја! Учете од моите грешки. Не дозволувајте сончањето да ви стане таква опсесија, што ќе го пропуштите растењето на сопствените деца. Тоа е и ден-денес мојот најголем страв, дека нема да доживеам мојот син да порасне“, предупредува Тони.

Знаеме дека ви здодеавме со предупредувања за тоа како сончањето без заштита и одење на солариум се штетни. Но, мора да бидете свесни дека ракот на кожата не е нешто што му се случува „на некој друг“, туку дека и вие самите многу лесно може да бидете жртва, затоа внимавајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag