Ви се чини дека вашиот партнер не е заинтересиран за вас како на почетокот на врската? Не се сеќавате кога последен пат помеѓу вас светеле искри, а веќе пробавте сè? Не мора да се грижите за него – засакајте се самите себе и тој ќе го забележи тоа. Со овие 5 трикови повторно ќе го вратите животот во вашата врска.
1. Откриете ја вашата страст
Сетете се во што сте уживале претходно и пробајте да се вратите на тоа. Правете го сето она што ве исполнува сами или пак во негово друштво. Ако сте сакале да слушате музика, да пеете и да играте по дома, правете го тоа повторно. Не плашете се повторно да ја пронајдете вашата страст.
2. Излезете од дома
Сретнете се со пријателите, одете во кино, на изложби, на концерти, во театар… Активирајте се и разубавете си ги деновите.
3. Средете се убаво за себе
Облечете облека во која се чувствувате убаво и секси и средете се за себе. Бидете средени секогаш, дури и кога чистите по дома. Тој ќе ве забележи. Најпрво ќе го привлечете ако однатре се чувствувате секси наместо ако секогаш се средувате за да изгледате така.
4. Најдете време за семејството
Ако сте приврзани за домот и немате премногу слободно време поради децата, дружете се со нив надвор од домот. Може да правите многу работи во придружба на децата. Кога ќе почнете да се забавувате со нив, ќе изградите подобри односи и ќе ја почувствувате поврзаноста со нив. Вашиот маж ќе го цени вашето време поминато со семејството.
5. Повикајте го да ви се придружи, но уживајте и сами
Повикајте го вашиот партнер да ви се придружи во активностите во кои уживате, но не навредувајте се ако ве одбие. Во нив може да уживате и сами. Тој ќе го цени вашето разбирање, па понекогаш ќе ви се придружи со задоволство. Кажете му дека повеќе уживате кога и тој доаѓа со вас. Ќе го купите со тие зборови и тој повторно ќе се заинтересира за вас.