Не ретко сме сведоци на адреналински видеа во кои моќни мотоцикли предизвикуваат уште помоќни спортски автомобили. Целата ситуација станува уште поопасна и пожестока, кога ваквите „пресметки“ се случуваат на јавни патишта.
Снимката која имате можност да ја видите подолу доаѓа од Албанија и го покажува безмалку лудиот „дуел“ помеѓу мотоциклот Ducati 848 EVO (140 КС) и автомобилот Nissan GT-R на тесен пат длабоко во планините.
Тоа што станува збор за извонредно ризичен пат, уште повеќе ги истакнува возачките вештини на „актерите“ во ова видео. Погледнете…