Зошто убавата Русинка раскинала со Роналдо?

popara19 мај, 20151min00
19
Откако медиумите со месеци шпекулираа за вистинската причина за раскинувањето на врската измеѓу руската манекенка Ирина Шајк и португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, пријател на убавата Ирина открил дека парот се разделил поради неверство.

Најпрво, медиумите пишуваа дека Ирина не се согласувала со семејството на своето момче, а дека најлоша комуникација имала со мајката на Роналдо. Потоа, после раскинувањето, Ирина во едно интервју раскажала дека Роналдо не ја почитувал доволно и дека покрај него никогаш не се чувствувала убава.


Меѓутоа, уште една причина се појави на виделина, а како што стојат работите, таа би можела да е онаа вистинската. Имено, пријател од Ирина открил дека Роналдо има сериозни потешкотии да ѝ остане верен на една жена.

„Ирина добиваше СМС пораки од непознати жени во кои тврдеа дека биле со Кристијано, или дека флертувале, а потоа таа го зеде неговиот телефон и најде десетици пораки. Ги провери броевите и сфати дека тие жени се наоѓаат на различни страни од светот, односно на оние места каде што играше Реал Мадрид. Кристијано прво се обиде да се извлече, а на крајот призна дека само се допишувал со нив“, открил неименуваниот извор.

Откако открила дека момчето ја изневерува со повеќе девојки одеднаш, Ирина ставила точка на врската и се иселила од нивниот заеднички стан. На убавата манекенка не и` требало многу време да го преболи славниот фудбалер и сега е во врска со актерот Бредли Купер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag