Проститутката од висока класа, Аликс Тичелмен, која била фатена на видео снимка како му вбризгува смртоносна доза хероин на извршниот директор на “Google”, Форест Хејз, е осудена на шест години затвор.
Аликс Тичелмен признала дека од небрежност го убила таткото на пет деца на неговата јахта во Санта Круз во ноември 2013. година, пишува Mirror.
51-годишниот Хејз, непосредно пред смртта преземал строго доверлива работа во интернет компанијата “X”.
Врховниот суд во Калифорнија денес ја осудил Тичелмен, но таа, со добро однесување, би можела да биде ослободена по две години служење на затворска казна. На видео снимката, поради која било откриено злосторството, 27-годишната проститутка не му пружила никаква помош на Хејз откако тој паднал крај неа. Минала покрај неговото тело, и го напуштила бродот без притоа да се јави во полиција.
Обвинителите ја пронашле снимката на серверот, а била клучен доказ на судењето, наведува Mirror. Адвокатот на Тичелмен, Лери Бигам, вели дека таа немала мотив за убиство на Хејз, бидејќи тој бил “богат извор на приходи”.
Проститутката е во затвор веќе една година, и со добро однесување ќе отслужи само дел од својата казна, додал Бигам. По смртта на Хејз, полицијата во Џорџија повторно отворила истрага за убиството на поранешното момче на Тичелмен, 53-годишниот Дино Риопела кој умрел од предозираност додека живееле заедно.
One comment
dzeren
21 мај, 2015 at 20:26
uuuuuuuuuuuuuuuuuuuuu