Министерството за финансии ја обвини менаџерката на покојниот Тоше Проески, Лилјана Петровиќ дека со својот соработник Ласто Нниколоски затаиле данок од дури милион и половина евра од застапувањето на покојниот пејач.
Како основ за сомнежот се наведува дека Ласто добивал парични уплати на кредитната картичка “Visa”, издадена во Кувајт, додека посредник за тоа била Лилјана во име на “Award intermittent production”, во рамките на која работи и “Лили Ателје” од Љубљана – пишува српски “Курир“.
Според официјалните документи, министерството не добило увид во никакви уплатници кои покажуваат дека за тоа трагично загинатиот пејач Тоше плаќал данок.
– Покрај редовниот банкарски извод, Лилјана не поседувала ниту еден договор, ниту една фактура, која била покритие и причина за подигнувањето за толкавата сума на пари. Тоа е дополнителна причина да се покрене постапка за затајување на данок – вели добро упатен извор и додава дека Лилјана после погребот на Тоше се повлекла од медиумите и се преселила во Ниш каде одгледува лаванда.
Петровиќ се терети за затајување на данок во износ од 1.500.000 евра.