10 правила од еден психолог за тоа како да се сакаат мажите. Никаква теорија. Само пракса.
Во последните години од мојата пракса, откако се сретнав со повеќе од двесте парови, почнав да ја поставувам под сомнение фразата на Лав Николаевич Толстој дека секоја несреќна двојка е несреќна на свој начин. Во одредени случаи психологијата потсетува на математиката и често може да се дадат совети кои важат за секоја врска.
Генерално жената е поемоционална по природа и и треба повеќе време за да стигне до логични заклучоци. Најчесто тие нејзини емоции ја тераат да се однесува поинаку од вообичаеното, да избувнува и да прави непромислени работи. И во тој простор помеѓу чувството и мислата, понекогаш таа успева да направи големи глупости.
Здодевни по природа, мажите се научени да живеат во светот на реалноста. Затоа жените треба да забават со своите емоционална процеси и да се фокусираат на разумните..
Како за почеток, можат да се следат неколку правила:
1. Секоја минута присетувајте се каква е целта на односите со тој маж
Кај нормалните луѓе целта на односите е да се обезбеди максимална удобност за долг период, па да бидат среќни и двајцата партнери.
Повторувајте си тоа секој пат кога ви доаѓа да му попувате, да го критикувате, да го распрашувате, да зборувате лошо за неговите пријатели, да бидете љубоморни без причина, да дискутирате за неговиот изглед и лошата комбинација на бои на неговата облека, да му викате и да се лутите без причина кога имате ПМС.
Дали вреди заради вашата праведност или интерес во конкретната ситуација да се лишите од мирот и радоста? Од практиката можам да кажам дека речиси две третини од изворите на конфликти се во стилот “жената измислува како „гром од ведро небо“ некој проблем и го доведува до степен на трагедија.”
2. Фалете го
Не бидете за него лута мајка, строг шеф и каприциозна ќерка. Од сите овие инкарнации соберете ја само позитивната состојка – постојана, но ненаметлива грижа, заинтересираност за неговото напредување и восхит. Не плашете се дека ќе го разгалите ако го фалите. Сепак, психички нормален човек има праг на оценување. Освен тоа да фалиш некого, не значи да му ласкаш. Значи само да гледаш на него со желба да го видиш подоброто.
А ако тој не заслужува пофалби и се прави не како што треба, тогаш што воопшто правите заедно со овој лузер? Напуштете го и не ја продолжувајте агонијата.
3. Не го понижувајте и не правете скандали пред други луѓе
Разјаснувањето на односите на јавни места е забрането! Ако имате проблем – решете си го зад затворени врати! За мажот јавниот имиџ е многу, многу важен. И кога неговата партнерка, односно најдоверливиот човек почнува да му го поткопува авторитетот пред пријатели, колеги или непознати, за него тоа е нож во грбот.
Ваквото однесување тој може и да ви го прости, но никогаш нема да го заборави. Да станеш причината тој да изгуби кредибилитет е најголемата стратешка грешка во односите. Бидете сигурни. Значи оставете го разјаснувањето на нештата за дома – заедно и насамо.
4. Не користете деминутивни форми во јавност
Срценце, зајаче, душичко … Никако! Оставете го тоа за во интимни прилики.
5. Поддржувајте го секое негово хоби, дури и најглупавото
Желбата за отпор на новите иницијативи е утврдено во природата на секој човек, бидејќи секој систем се стреми кон рамнотежа. Но тука треба да сте попаметни од природата. Какво и да е неговото хоби и интерес – риболов, фудбал, колекционирање, покер, велосипедизам, поддржете го и донесете спокој во врската. И на него му е чудно тоа што трошите пари за спа центри, глупавата јога каде што само лежите или пилатес, но никогаш не ви кажал да не одите така?
И така: ако не го цените и поддржувате, тоа ќе го направи некој друг. И во овој момент вие ќе бидете во лошата позиција.
6. Највпечатливиот фустан ви е за излегувањата со него, а не за забавите од работа
Откако на свадбена фотографија сте биле со руси кадрици и рози, а сега сте со кратка несредена фризура и широка долга маица, тогаш нема лутење ако тој престане да ве гледа како привлечна дама. Уште повеќе, ако за забавата од работа купите нов црвен фустан, а по дома се шетате како да ве „однела поплава“, тогаш не му се лутете нему за тоа. Тоа е многу едноставно, но жените не престануваат да прават оваа грешка.
7. Тој е главен и точка
Всушност, тоа е толку лесно … Главниот проблем на феминистките, условно кажано, се состои во нивните обиди да слетаат наместо да танцуваат. Дали е од еволуцијата, од социјалните ставови или од воспитувањето во повеќето семејства, но на мажот му е доделена улогата да решава проблеми, да е лидерот, да е господар и др
Ова во никој случај не ве понижува, освен ако самите вие не одлучите дека сакате да сте понижени. Една жена може да прифати подадената рака од партнерот при слегување од автобусот како галантност, но друга – како навестување занејзината физичка неспособност да се симне од автобусот. Очигледно е која се насладува на комуникација со спротивниот пол,а која страда од угнетување на шовинисти.
Вие треба да одлучите каква да бидете. Подарете му ја радоста да биде најсилниот, да дејствува, да мисли и да игра прва виолина. Дозволете му тој да го води танцот. Дури и секогаш да е во право, а потоа можете тивко да ги поправите работите. “
Реализирајте ја својата желба за власт на други места.
8. Разговор за важните работи директно, без заобиколување
Ако ветил дека денес тој ќе направи вечера, а не направил, туку отишол да игра фудбал. Тогаш прашајте го зошто не направил, а не „зошто не ме сакаш повеќе“? Мора да сте директни во прашањата. Машкиот и женскиот мозок не функционираат исто!
9. Не го ставајте во центарот на својата вселена и не барајте тој да ве става во центарот на својата
Овде не зборувам за искрена загриженост за меѓусебните потреби и за длабочината на љубовта меѓу вас, туку за барањата за мали нешта. Половина час празни разговори по телефон по пет пати на ден го нервираат секој маж. Психолошката зависност од неговото мислење му ласка, но исто така и го иритира.
Затоа не се обидувајте официјално да му го посветите живот. Тоа го плаши. Нема потреба да му давате сè. И никако не очекувајте повеќе од тоа што е спремен да ви даде!
10. Научете да готвите вкусно
И гответе! Тоа не е предмет на дискусија. Еквивалент на “таа не готви” е “тој носи дома помалку пари од неа”.