Андреј Пејиќ им ја отвори вратата на андрогените манекени на големата модна сцена, но изгледа дека дури сега го доби вистинскиот наследник. Неговото име е Став Страшко.
Став вели дека често во приватниот живот го мешаат со жена и не е реткост да му приоѓаат мажи.
Неговиот успех многумина го споредуваат со оној на светски познатиот Андреј Пејиќ, кој беше првиот андроген модел што се прошета по модните писти на најпрестижните недели на модата во светот.
Погледнете како изгледа Став, кој полека, но сигурно го освојува светот!