Сопственик на пицерија во Израел е уапсен откако на полицајци им испорачал пица зачинета со канабис – како што рекол, затоа што „звучеле кул на телефон“.
Двајцата полицајци биле пренесени во болница откако по јадењето почнале да повраќаат.
Било откриено дека сопственикот, наместо со оригано, пицата ја зачинил со синтетичка марихуана.
„Знаев дека пицата е за полицајци, но типот со кого разговарав по телефон звучеше кул. Ми рече да ставам на неа што сакам, па наместо оригано, ставив синтетичка марихуана“, рекол сопственикот.