Се вратил дома порано разочаран од фудбалски натпревар. Кога влегол во спална, ја затекнал сопругата со…

popara26 мај, 20151min00
7

Неименуван фан (45) на Милан од Виџевано, открил во неделата попладне дека не го изневериле само саканите росонери, туку дека нож во грб му забила и сопствената сопруга, пренесе Дневник.хр.

Имено, бесен што Милан губел 3:2 на гостување кај Сасуоло, мажот десет минути пред крајот го напуштил локалот во кој го гледал натпреварот со пријателите, па по влегувањето дома ја здогледал сопругата (40) во кревет со друг маж.

Тогаш, во својата спална соба започнал тепачка со тупаници, а инцидентот меѓу ривалите успеала да го смири полицијата која сопругата одвај успеала да ја повика.

Мажот, после еден час преговори, полицајците го наговориле неколку дена да не се враќа дома додека не се смири ситуацијата, а на тоа тој иронично им одговорил дека големо влијание врз неговото расположение ќе има информацијата за кого навива љубовникот.

– Прашајте ја мојата сопруга за кој клуб навива нејзиниот тип. Ако не е „Милан“, немојте да ми го пренесувате одговорот. Нема да можам да поднесам ако во кревет довлечкала фан на „Интер“ или „Јувентус“, рекол тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag