Какви подобрувања ќе добие iPhone 6s?

popara26 мај, 20151min00
10

За неколку месеци (во септември), Apple официјално ќе ја претстави најновата генерација на iPhone, а со тоа се загреваат шпекулациите околу подобрувањата на новиот модел. Да погледнеме што предвидуваат аналитичарите

25 до 50 милиони испорачани уреди за 3 месеци

Apple очекува екстремно висока продажба на новиот модел, со што во првиот квартал (септември до декември), продажбите би биле околу 25 милиони, а веќе во следниот продажбите би се зголемиле двојно, односно над 50 милиони уреди за 3 месеци.

2GB LPDDR4 RAM

Според TrendForce, конечно ќе видиме iPhone со 2GB меморија, кој ќе му се приклучи на веќе-посточекиот iPad Air 2. Втората шпекулација е дека просторот за складирање на податоци ќе се зголеми од 16GB на 32GB.

Имплементација на Force Touch технологија

Force Touch му овозможува на екранот да процени со кој степен на притисок го допирате, со што се создаваат нови нивоа на интеракција со уредот. Оваа технологија веќе е имплементирана во Apple Watch и е хит помеѓу корисниците.

12 мегапикселна камера

Бројот на мегапиксели на камерата ќе се зголеми од 8MP на 12MP, а покрај тоа Apple ќе продолжи да користи двоен LED блиц за создавање на фотографии со природни бои и контрасти. Леќата веројатно повторно ќе биде изработена од Sony.

Претставување на iPhone 6c

Голема е можноста повторно да видиме послаб модел од C серијата, кој би имал идентични спецификации со минатогодишниот iPhone 6 и би се продавал по пониска цена.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag