Поучна приказна: Тревата во туѓиот двор е секогаш позелена

popara26 мај, 20151min00
12

Враната решила да го пропатува светот и да открие која птица е најсреќната птица на светот.

Рецепт и константна равенка за среќа нема. Таа е релативен поим кој сите на различен начин го доживуваат. Ако за некого материјалните работи се среќа, за друг тоа е успехот. Ако за некој еготичните патувања се среќа, за друг тоа е животот минат во топлиот дом со семејството.

Оваа приказна говори токму за среќата и за оние кои никогаш не се задоволни со себе си.

Враната живеела во шумата и била потполно среќна и задоволна од својот живот. Еден ден го здогледала лебедот и му рекла: „Ти си потполно бел, а јас сум целата црна. Мора да си најсреќната птица на светот“.

На тоа лебедот и возвратил: „И јас мислев дека сум најсреќната птица на светот се додека не го здогледав папагалот. Тој има две бои и преубав е. Мислам дека токму тоа е најсреќната птица на светот“.

Враната се решила да го побара папагалот и да го праша дали е среќен. Кога го пронашла му објаснила во што се состои нејзиниот проблем и на тоа добила ваков одговор: „Јас живеев среќен живот се додека не го видов паунот. Јас имам само две бои, а тој е целиот шарен“.

Тогаш се решила враната да го побара и паунот и него да го праша колку е среќен.

Стигнала до зоолошката градина и тука го видела паунот на кој многу луѓе му се восхитувале. Кога си заминале луѓето, врана му се приближила на паунот и му се обратила: „Пауне ти си многу убав. Секој ден илјадници луѓе доаѓаат да те видат и да ти се восхитуваат на убавината. Мене кога ќе ме здогледаат веднаш ме бркаат што е можно подалеку од себе. Ти мислам дека си најсреќната птица на светот“.

На тоа паунот и вратил: „Јас секогаш мислев дека сум најубавата и најсреќната птица на светот но, благодарение на мојата убавина јас сум заробен и затворен во оваа золошка градина. Целата ја прошетав и наидов на враната која е единствената птица која не е во кафез. Така што, веќе некој период размислувам за тоа колку враната е најсреќната птица на светот и колку јас би бил среќен да можев слободно да летам каде и да посакам“.

Се вели: „Тревата во туѓиот двор е секогаш позелена“. Ова е доста голем проблем кои го имаме.

Секогаш се споредуваме со другите и не го вреднуваме она што го имаме во себе. Не се почитуваме себе си и сме длабоко несреќни. Она што можеме да го добиеме како совет од оваа поучна приказна е дека треба да се научиме да не гледаме во дворот на соседот, да го гледаме она што го поседуваме, а не она што го немаме.

Никој не е роден совршен, сите имаме и доблести и мани, а најсреќна личност на светот е онаа која ќе научи да биде задоволна со она што го има.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag