Еден тригодишник едноставно веќе не можел да ја чека својата мајка која чекала да биде отпуштена од војска по девет месеци поминати во Авганистан, па одлучил дека протоколот не е толку важен како мајчината прегратка.
Потрчал во прегратка во моментот додека чекала официјален отпуст со другите војници.
– Копнеев да го прегрнам и само за тоа размислував, вели Кетрин Вадвогел (25).
Војниците имале наредба да почекаат отпуст и да не се поздравуваат со членовите на семејствата што би ја продолжило целата процедура. Купер ја средил ситуацијата така што дотрчал до својата мајка.
– Само ме гледаше и ми се смееше, вели Кетрин.
Фотограф ја забележал ситуацијата, па настанот станал вистински хит на Фејсбук.