Штедите ли гориво ако ја исклучите климата во автомобилот?

popara28 мај, 20151min00
9

Спротивно на општоприфатените сфаќања, користењето на климата во автомобилот преку лето, а особено при високи брзини (на автопат), е поефикасен начин да заштедите гориво.

Точно е дека климатизацијата ја зголемува потрошувачката на гориво. Сепак, алтернативата да се вози со отворени прозорци е далеку понеекономична. Ова особено важи ако патувате со голема брзина. Во таков случај, воздушниот отпор значително се зголемува и ја отежнува работата на моторот, што резултира со поголема потрошувачка.

Кога сме кај климатизацијата, постојат и други начини за да го помогнете процесот. Се разбира, еден од нив е да го паркирате автомобилот под сенка, со тоа намалувајќи ја внатрешната температура и олеснувајќи го ладењето. Дополнително, отворете ги прозорите при поаѓањето, за да се раздвижи загреаниот воздух во автомобилот и да се замени со нов однадвор, што исто така резултира со ублажување на работата на климата.

Од друга страна, истражувањата покажуваат уште дека кога возачите возат во нормална средина (при нормално изладен автомобил и вклучен клима), тие се многу пофокусирани на сообраќајот и сообраќајните правила, па со тоа шансите за несреќа се намалуваат.

Можеби не звучат многу поврзано, но почитувањето на ограничувањата на брзината на автопатот исто така помага во заштедата на гориво. Повеќето автомобили се најекономични при брзина од 90 до 110 км/ч. Возејќи во тие граници не само што штедите, туку сте и побезбедни.

Дополнително, за да заштедите на гориво важно е и редовно да ги проверувате гумите и да го одржувате возилото технички исправно. Исто така, не носете непотребен багаж кога патувате, забрзувајте глатко и постепено, менувајте брзини на помал број на вртежи и избегнувајте ги часовите кога има најмногу сообраќај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag