Хрватската старлета Ава Карабатиќ неодамна ја најави својата нова песна „Три пати на ден“, а исто така ја искористила приликата и да се пофали колку е сексуално издржлива.
Нејзе не и е јасно зошто на сите им е смешен насловот на нејзината песна, како и зошто се алудира на секс. Кога е во прашање сексот, Ава тврди дека не практикува три пати на ден како што се споменува во нејзината песна.
-Па зарем да паднам на тоа дека водам љубов три пати на ден? Сега се разочарав, па ти знаеш дека јас можам шест-седум пати на ден, изјавила Ава во една српска емисија.
Карабатиќ е заљубена во еден Белграѓанин чиј идентитет не сакала да го открие, а тоа е една од причините за нејзиното доаѓање во српската престолнина.