ПЕТ ВИДОВИ НА СТОМАК: Пронајдете го вашиот и прочитајте го рецептот за симнување на салото!

popara2 јуни, 20151min00
5

Доколку не сте меѓу оние среќници кои имаат рамен и затегнат стомак, стручњаците донесуваат опис на пет видови стомак и начините на кои можете да го затегнете, односно да се ослободите од проблемите кои ве мачат. Пронајдете кој тип на стомак вие го имате и применете ги советите со помош на кои би требало да го „санирате“ постоечкиот проблем.

abs-woman1

1. Резервна гума (обрач, гума за спасување)

Ако сте овој тип веројатно претежно седите и работите на маса или седите на кауч или сте емотивна „јадачка“. Консумирате многу шеќер и јаглехидрати преку бисквите, колачи, бел леб, тестенина и ориз. Консумирате алкохол.
За да се ослободите од наслагите и за да го зацврстите стомакот намалето го внесот на алкохол и избегнувајте грицки. Исхраната базирајте ја на здрави продукти, качувајте се по скали наместо да одите со лифт и користете ја секоја прилика за шетање. Не бидете во заблуда дека мора да одите на макотрпно вежбање во теретана, едноставно долгите шетања, вежбањето исчекор, склековите дома или часовите по јога ќе бидат покорисни за вас.

2. Стомак поради стрес

Многу амбициозни типови, тежнеат кон „големи“ постигнувања, често се перфекционисти. Исто така, обично се чувствителни на пречките во дигестивниот систем како што е синдром на иритабилното црево (ИБС), кои можат да предизвикаат подуеност и да направат нивните стомаци да изгледаат многу полошо.
Салото е лоцирано на средниот дел од стомакот и околу папокот. Кога сме под стрес, произведуваме кортизол, хормон кој го поттикнува телото да ги задржува мастите околу стомакот. Овој тип на стомак исто така е мошне тврд на допир.
Ако го имате овој стомак одете во кревет порано и спијте повеќе. Недостатокот на сон го нарушува производството на лептин, хормон кој помага да се регулира апетитот и метаболизмот. Обидете се да се опуштите што повеќе, а во тоа ќе ви помогнат и вежбите со длабоко дишење, медитацијата и купките пред спиење, и чајот од камилица. Ограничете го внесот на кафе на максимално две шолји на ден. Вежбајте јога, одете на долги прошетки, пливање или практикувајте вежби со создавање отпор.

3. „Торбест“ стомак

Најчесто го имаат вработените мајки или жените со кариера. Често жените со овој тип на стомак имаат спуштен, понизок стомак, дури и ако се на диета или тренираат. Ако го имате овој вид стомак променете ја исхраната, избирајте производи кои содржат многу влакна и зелен лиснат зеленчук, житарки од цело зрно и не заборавајте да пиете многу вода.
Ако вежбате стомачни, престанете. Таа вежба заменете ја со изометрична вежба која служи за јакнење на мускулите. Легнете со лицето кон долу и потпрете се на подлактиците. Оттурнете се од подот, кренете се на прстите и лактовите, така што вашето тело да биде паралелно со подот. Вежбата правете ја на почетокот по 10 секунди па продолжувајте го рокот до минута.

4. Мајчин стомак

На мајките по породувањето им останува стомак од кој се обидуваат да се ослободат што побргу. Поради тоа често се под стрес да ја вратат линијата пред бременоста, а стресот го отежнува целиот процес. Земајте омега-3 и омега-6 масни киселини (лененото масло е одличен извор за вегетаријанките).
Јадете јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници), маслиново масло и маслинки – секој ден. Освен што ќе ви помогнат во губитокот на масните наслаги и во апсорпцијата на витамините од храната, помагаат и против замор. Практикувајте Кегелови вежби бидејќи тоа ќе ви помогне да го израмните стомакот одвнатре кон надвор. Вежбајте 15-20 пати во пет серии на ден.
Воздржете се од стомачни вежби бидејќи по породувањето мускулите linea alba (бели линии) – кои се наоѓаат на средната линија на стомакот, се раздвојуваат и потребно е извесно време да закрепнат. Стомачните вежби се најлоша работа која можете да ја правите бидејќи ќе ги принудите овие мускули уште повеќе да се раздвојат. Вежбајте така што длабоко вдишувајте додека стоите на нозе и полека издишувајте додека ги правите Кегеловите вежби.

5. Подуен стомак

Подуените стомаци се често рамни наутро, но отекуваат во текот на денот поради гасовите или пречките во варењето. Веројатно често јадете иста храна, а не сте ниту свесни дека не ја поднесувате. Најчести се нетолеранциите на пченица и глутен кои може да предизвикаат воспаление на цревата и така да го направат стомакот да изгледа поголем.
Обидете се да утврдите кои продукти му пречат на вашиот стомак или одете на тестирање и во исхраната воведете што повеќе свежи продукти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag