Корејските гиганти ги презентираа своите нови модели, а со тоа започна дебатата кој е подобриот телефон. Еве неколку аргументи кои одат во прилог на Samsung…
1. Преферирате метал и стакло
Иако LG G4 ви нуди кожа, сепак таа се доплаќа дополнителни 100 долари. Од друга страна, Galaxy S6 е дизајниран со метална рамка, како и Gorilla Glass 4 на предната и задната страна.
2. Квалитетот на екранот
Иако и двата екрани поседуваат иста резолуција, сепак оној на Galaxy S6 е помал (5,1 наспроти 5,5 инчи), со што добивате поостар текст. Дополнете го ова со Super AMOLED екранот, кој дава пореалистични и подобри бои…
3. Сакате скенер на отпечатоци
Galaxy S6 поседува драстично подобар скенер на отпечатоци, кој работи одлично и на ниво со iPhone 6. LG G4 за жал, сеуште ја нема оваа функција.
4. Брзина
Octa-core Exynos 7420 процесорот на Galaxy S6 е екстремно брз и подобар од hexa-core Snapdragon 808 процесорот кој е вграден во LG G4. Дополнително, Samsung користи LPDDR4 RAM и UFS 2.0 меморија.
5. Подобра #selfie камера
Иако предната камера на LG G4 е со поголема резолуција од 8 мегапиксели, сепак Galaxy S6 поседува широко-аголна 5 мегапикселна камера, која дава подобри бои и контрасти и е подобра за групни #selfie фотки.