Во главниот град на Казахстан, Астана, моментално растат неколку милиони стебла марихуана коишто биле засадени по грешка. Градските власти во Астана кои планирале да засадат цвеќиња, истражуваат како дошло до тоа наместо цвеќиња да биде засадена марихуана.
Марихуната ја препознал еден жител на Астана кого го привлекол необичниот мирис. Кога забележал дека станува збор за марихуана, не можел да поверува дека тоа е можно.
Истрагата е насочена кон Зеленострој, служба којашто е задолжена за зеленилото и уредувањето на парковите во Астана.
„Ако навистина се работи за марихуана, како што се наведува на социјалните мрежи, веднаш ќе се отстрани. Моментално не се сме сигурни кој ги засадил билките, но со истрагата ќе откриеме кој е одговорен“, соопшти портпаролот на претпријатието.