Иако поминаа повеќе од две години од премиерата на врвниот модел на Ferrari, италијанскиот производител долго време не им дозволуваше на автомобилските новинари темелно да го тестираат и да го споредуваат моделот. Сега екипата на Motor Trend доби дозвола на патеката Фиорано (која е во сопственост на Ferrari) да ги тестира можностите на овој хипер-автомобил.
LaFerrari на тестот се покажал одлично, па забрзувањето од 0-96 километри на час (0-60 милји на час) го изведе за одлични 2,4 секунди.
Наследникот на Enzo максимално ги користи своите 963 коњски сили, па растојанието од четврт милја (402 метри) го помина за 9,7 секунди, достигнувајќи брзина од 239 километри на час.
Забрзувањето од 0 до 241 километар на час (односно 150 милји на час) го прави за точно десет секунди.
Погледнете го комплетниот видео тест:
https://www.youtube.com/watch?v=eUHOx-_1xZc