За чисто лице неопходно е да ги отстраните мртвите клетки кои митесерите ги заробуваат во секоја пора на кожата. Тоа најлесно ќе го постигнете со правење на пилинг.
Не мора да користите скапи препарати, користете талог од кафе со кој ќе го протриете лицето околу 5 минути, а потоа темелно ќе измиете.
Не е лошо да направите и облоги од камилица за да ја смирите кожата.
Во жешка вода ставете камилица и додека чајот се вари, вие ставете крпа врз главата и изложете го лицето на пареата. Оваа постапка би требало да трае околу 10 минути за порите добро да се отворат.
Следен клучен чекор е маската од 4 лажици сода бикарбона и 1 шолја минерална вода.
Добиената смеса нанесете ја на лице, избегнувајќи ја зоната околу очите.
Држете ја 10 минути, а потоа измијте се. резултатите ќе бидат видливи во истиот момент.