Ако сте дел од оние луѓе кои постојано се соочуваат со појавата на херпеси на лицето, тогаш веројатно едвај чекате некој да ве посоветува за еднаш засекогаш да се решите од нив. Лошата вест е што е невозможно да се ослободите од овој вирус.
Вирусот HSV 1 (или херпес) погодува од 80 до 90 проценти од светската популација. Но, она што досега претставуваше мистерија, беше прашањето зошто кај една четвртина од луѓето тој се покажува на лицето, а кај другите не?
Според истражувањето кое го спроведе универзитетот од Единбург, главниот виновник за појавата на херпес се крие во гените. Оние луѓе на кои постојано им се појавуваат херпесите имаат мутација во гените што значи дека имунитетниот систем не може да ја спречи нивната појава.
За да утврдат за кој ген конкретно станува збор тие испитувале крвни примероци од луѓе кои го имаат овој проблем и откриле дека станува збор за генот IL28b. Што значи, ако имате постојан проблем со херпеси, тогаш и кај вас е присутна оваа мутација.
Појавата на херпесите кај луѓето е различна. Кај некои се случува да се појави еднаш до два пати годишно, кај други се појавува еднаш и никогаш повеќе. Кај трети пак никогаш не се случува да се појават херпесите затоа што вирусот не се активира.