
Американец тргнал на необично патување со своето кутре мешанче од лабрадор со име Пох, вдомен од локалниот стационар кога имал само осум недели. Сопственикот на Пох, Томас Нил Родригез, изјавил дека тој и неговата вереница одлучиле да одат на патување со своето 15 годишно кутре, откако ветеринарот одредил дијагноза со која би можел да живее максимум уште неколку месеци.
Томас многу често патува поради својата работа и не сакал да ги пропушти последните денови од животот на своето кутре.
Затоа одлучил да го носи секаде со себе. Всушност тоа би било нивното збогување.

Томас креирал профил на Инстаграм со цел да ги овековечи и објави најубавите моменти со својот миленик.
Тие посетиле 35 градови и поминале повеќе од 19 000 км за седум недели. Кутрето уживало и делувало ко да е 5 години помладо, полно со енергија.
Томас е свесен дека нема уште многу време, поради тоа секој моменто го користи за да биде со него, а ние се надеваме дека ќе бидат штое можно подолго заедно.



