
Не постои девојка која за време на летниот период не посакала да облече кратки шорцеви. Но, наместо да давате многу повеќе пари отколку што реално вредат шорцевите, искористете ги старите фармерки.
Постојат само неколку трикови и едно видео кое ќе ве направи експерт за 5 минути.
1. За почеток одберете фармерки кои се малку пошироки. Од претесните фармерки тешко дека ќе направите шорцеви. Припиените ногавици само ќе ви ги пресекуваат бутовите и ќе изгледате смешно.
2. Измерете го внатрешниот раб. Тој секогаш треба да биде долг барем 7-8 сантиметри. Никако пократко.
3. Задолжително исцртајте линии со креда. Во спротивно, ќе сечете и ќе ги рамните рабовите со часови.
https://www.youtube.com/watch?v=Xf7giFy6Ji0