Водопадите се образуваат кога реката е млада. Тогаш каналот е тесен и длабок. Кога реката тече низ отпорното карпесто тло, тлото еродира постепено, додека пак подолу низводно ерозијата се одвива побрзо. Водотекот се забрзува кон работ на водопадот и така носи материјал од коритото. Во турбуленцијата се создаваат вртлози, а песокот и камењата што ги носи водата уште повеќе ја зголемуваат стапката на ерозија. Со тоа водопадот сè повеќе го длаби коритото и се повлекува нагоре (спротиводно). Со време, честопати водопадот повлекувајќи се образува клисурa во подолното течение и уште подлабоко го вдлабнува сртот над него.