Музичкото шоу X-Factor Адриа ја живее својата втора сезона на Балканот. Популарното музичко натореварување е се популарно и на Балканот, па затоа и сумите кои им се исплаќаат на членовите во жирито се огромни.
Жељко Јоксимовиќ, Тончи Хуљиќ, Александра Ковач и Масимо Савиќ земаат речиси 40 илјади евра хонорар, како жири во шоуто.
Освен тоа тие имаат и други привилегии, како платено сместување во луксузни хотели и договорени настапи во најгледаните емисии.
Од сите музички шоуа во регионот, ова е дефенитивно рекордна заработка како член во жири.