Најновиот кварт на Амстердам се состои од куќи над вода

popara11 јуни, 20151min00
9

Областа IJburg е најновата атракција во Амстердам, изградена врз неколку вештачки острови, издигнати во езерото IJmeer.

Амбициозниот проект е сеуште во изградба, но повеќе од 20 000 луѓе веќе живеат во новите домови. Кога ќе биде завршена, областа ќе има 18 000 станови за 45 000 жители, како и училишта, продавници, рекреативни центри, ресторани и плажи.

5(990)

Еден од неговите најиновативни делови за домување се наоѓа во Waterbuurt или Water District. Waterbuurt е дел од соседството IJburg и се наоѓа на Steigereiland (Jetty Island), кој го формира основниот пристап до IJburg преку мостот Enneus Heerma. Во населбата има 75 (93 според Financial Times)  куќи над вода, закотвени околу витките насипи со вкотвени чамци.

1(1235)

Домовите што лебдат се поддржани од бетонски кади, потопени во водата. На врвот на кадата има челична конструкција, која ги образува собите и катовите.

Спалните соби и бањата се наоѓаат на најниското ниво, со тоа што делумно се потопени во водата. На следното ниво има кујна и трпезарија. Главната станбена површина се наоѓа на горниот кат и е поврзана со отворена тераса.

6(842)

Куќите се направени во бродоградилиштето на околу 65 километри северно од местото на нивното позиционирање, а потоа транспортирани, што значи дека не можат да надминуваат ширина од повеќе од 6.5 метри. Експериментот со живот на вода е задолжителен за Холандија, каде што две третини од населението живеат под морското ниво. Земјата троши милијарди за да се заштити од водата преку насипи и различни бариери. Лебдечките квартови се уште едно решение на проблемот со зголемувањето на морското ниво и недостигот на станови во густо населените урбани области.

7(747)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag