Го чекам последниот автобус изморен од работа. На автобуската само јас, три саат по полноќ кој би имало друг освен мене или некој залутан пијаница како и секоја друга вечер. Секој пат стојам настрана, не дека имам страв туку бегам од проблемите.. Али како магнет ме спојуваат многу често. Конечно дојде автобусот. Јас, шоферот, четири возрасни луге што се враќаат од работа и двајца пијаници во цел автобус. И знаеш како и секогаш старите бистрат политика мислиш ќе ја оправат државата а пијаницине полумртви пред колабирање, дофрлуваат цело време… си викам подобро ке ги слушам стариве него да си имам работа со будали. Седнуваме, автобусот трга и стандарден муабет кој политичар колку украл, во кое време повеќе технолошки вишоци, кој направил нешто за државата… си викам работава од две зла кое е подобро. Патуваме половина час цел пат само молчам и слушам кој прв ке се откаже од стариве да збори за политикиве. Искрено ми се гади, секој пат исти муабет… си викам имам 23 години и цел живот слушам “стручњаци” во автобуси, кафани, додека чекам ред во болница за да ми кажат не ти е ништо или незнам што ти е иди кај друг доктор, додека чекам ред да платам сметки, слушам како ја оправуваат државата. Ми се врти повозрасниот господин и ме запраша ти дете што студираш? -Завршив факултет пред една година. И од кај се враќаш толку касно? -Работам во магацин, истоварам и товарам роба секој ден по 12 саати. Ее сине мој.. 50 години имам, цел живот ми помина у работа и надеж дека нешто ке се смени. Не ја давам оваа држава, секогаш си викам ќе биде подобро. Пола век ја газам оваа земја, може повеќе од 20 години не сум бил на одмор, немој да мислиш дека не сум сакал али никогаш не ми давале долговите во банките да отидам. Во оваа држава почнаа да се раѓаат децата задолжени за враќање кредити. Почнаа луѓето да се делат по боја на партија, почнаа да се делат и по градови, дали си од Скопје или Охрид, дали си од Прилеп или Битола, почнаа да се делат и по населби, два милиони народ очи си ископавме а, може и војската на Цар Самуил сама си ги ископала очите со оглед на тоа што дека биле Македонци. Не јадам со денови, немој да мислиш дека мирисам лошо од што сакам штедам на се за да му дозволам на син ми нормален живот. Сите деца јадат ужинка ја му правам сендвичи од дома. Сигурно се прашуваш жена ми зашто не прави, тоа е работа за жена. Жена ми почина на породувањето на второт дете, јас сум им и татко и мајка. За патики и облека се снаогам, нешто од постариот син, нешто од пријатели.. Не се жалам битно живи и здрави сме. – Господине, искрено мозокот ви го пие тоа политиката. Знам сине секој пат викам не гласам више, секоја година се лажам, се надевам дека нешто ке се смени, 50 години се надевам и никако да се смени. Постариот син доби стипендија за студирање во Германија, го исмеваа децата дека нема колку што имаат другите, но беше првак на генерација. Му кажав сине оди, оди што подалеку од тука и не се враќај никогаш, оди некаде каде што ќе ти го ценат трудот, каде што ке знаеш за што работиш и колку вредиш. Во прва прилика земи го брат ти, уште не разбира дека тука успеваш ако имаш човек. Ако немаш човек што има моќ да ти помогне чекаш со денови за преглед на доктор колку и да ти е итно, човек за да те вработат или човек што ке те унапреди да земеш поголема плата, човек што би ти средил да не платиш некоја казна, е тој човек и да го имаш бара услуга назад а јас немам ништо да дадам освен чесно и искрено да помогнам во што и да можам без да барам за возврат ништо. Не знае дека младиве денес би ги дале последните пари да пијат кафе во “елитните” кафулиња само за да бидат видени… колку што можам ќе ти помагам, немој и твојот живот да помине како мојот. Чекајки го не дочеканото надевајќи се на нешто подобро а што добив: Проширени вени, висок шеќер, апчиња за притисок. Дека верував во оваа земја. Иди сине мој, иди и не се враќај. Му навираа солзи во очите, но морав да се симнам на следната станица сигурно имаше уште многу да ми каже. Може и јас ке останам да го газам истиот асфалт цел живот со надеж дека нешто ке се смени ако немам луге што ке ми помогнат или сепак ќе заминам засекогаш.
Владимир Гаџовски