Најновото видео во кое таа наместо придружна, според реакциите на публиката е главна ѕвезда, е во спотот за песната „Back it up“ на 26-годишното момче од Бронкс, Принц Ројс заедно со Питбул и Џеј Ло.
Никој не останува рамнодушен кога таа се појавува во цветен едноделен костим за капење со црвен шешир на главата и огледални очила за сонце. Со секој чекор зрачи од сексапил.
Кога е облечена во црниот комбинезон со длабоко деколте лежејќи покрај базен веројатно многу мажи веќе престануваат да ја слушаат песната.
А кога танцува заедно со Принц Ројс, облечена во припиено бело фустанче со златни нитни, веројатно секој сака да е на негово место.