Со години се прави дека е црнкиња, а родена е белкиња

popara15 јуни, 20151min00
Со години се прави дека е црнкиња, а родена е белкиња

Рејчел Долежал, активистка и борец за човекови права, се нашла на удар на бројни критики и речиси преку ноќ го насочила вниманието на медиумите врз себе, откако нејзините родители во медиумите рекле дека нивната ќерка со години се преправа дека е црнкиња.

„Таа е наша ќерка, а двајцата имаме европски корени. Збунети сме од нејзиното однесување“, рекол нејзиниот татко Лери Долежал за американските новинари, пренесува Telegraph.co.uk.

Инаку, Рејчел е претседателка на огранокот NAACP (Национално здружение за унапредување на положбата на обоените) и е професорка на Африканските студии на универзитетот во источен Вашингтон.

Во нејзината биографија пишува дека „љубовта кон борбата за граѓански права ја стекнала во Мисисипи каде што се залагала за еднакви права“, но и дека во текот на животот била осум пати жртва на напади базирани на расна омраза.

Откако приказната била откриена, каналот KXLY 4 ја повикал Рејчел на интервју, каде што новинарот и` подал фотографија со нејзиниот татко и ја прашал ’Ова е вашиот татко?’. Рејчел го потврдила тоа, а после тоа следела минута збунетост во која таа се чудела на прашањата кои и` биле поставени.

„Што сакате да кажете, не разбирам зошто ме прашувате тоа?“, одговорила кога новинарот ја прашал дали нејзиниот татко е Афроамериканец, како што таа порано тврдела. Потоа, само заминала.

Таткото на Рејчел своите тврдења ги поткрепил со фотографии на кои се гледа Рејчел како девојче – со бел тен и руса коса.

„Последните 20 години се асимилираше во афроамериканската заедница, па можеби тоа е дел од одговорот“, рекол таткото од Рејчел за нејзиното однесување и кажал дека ќерката ја прекинала целата комуникација со него и со нејзината мајка затоа што се белци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *