
Кога ја здогледаа Тина Ноулс на насловната страница на магазинот “Ebony”, многумина се запрашаа како воопшто некој со 61 година може да изгледа вака. A заклучокот е дека мајката на Бијонсе повеќе си наликува со постарата сестра.
– Горда сум на фактот дека имам 61 година, а сè уште не се согласувам на ограничувања во својот живот. И жените во овие години можат да бидат секси, модерни, елегантни и полни со ентузијазам, и така до крајот на своите животи – вели таа.
Тина додала и дека е среќна што со својот животен стил претставува инспирација за многу дами.
Дека Тина изгледа убаво и вон насловните страници, гледаме и на нејзините сосема случајни и природни фотографии.
Бијонсе навистина плени со својата убавина на музичката сцена, а за нејзината убавина дефинитивно е виновна нејзината мајка Тина. Музичката дива не мора да се грижи за своите гени, тие се дефинитивно на нејзина страна.


