Островот Борнео

popara17 јуни, 20151min00
12

Ако сакате да разбудите авантуристот во себе, островот Борнео е токму местото за вас. Истиот е поделен меѓу Индонезија, Брунеи и Малезија во Азија, и е познат по преубавата и претежно недопрената природа.

Борнео е трет остров во светот, според површината, а островот се наоѓа пред Индонезискиот архипелаг, и политички е поделен е меѓу Индонезија, Малезија и Брунеи.

Брегот на островот поради мочуришните шуми мангрови релативно е непристапен, а од крајната северна точка на островот, Кап Сампанимангиа па до северозападниот крај на Кап Дату се протега долг планински ланец.

Највисоката точка на островот е Монт Кинабала (4.101 метри надморска височина) и се наоѓа на североисток.

Просечната температура варира од 27,7 степени во мај до 26,7 степени Целзиусови во декември – идеално место за куси ракави, а живеат околу 19 милиони луѓе.

Во внатрешноста на Борнео живеат Пенани, група ловци и собирачи кои етнолошки припаѓаат на т.н. Прото Малајци.

Во некои подрачја на брегот можат да се сретнат населби на народот Оранг Лаута. Поголемиот дел од населението Калимантани се или муслимани или практично анимисти. Постои и христијанско малцинство.

Доколку решите вашата следна дестинација на патување да биде Борнео, таму ве очекуваат тропски предели, егзотични растенија, уникатни животински видови, а најмалата азиска жаба со големина на кикирика откриена е во Националниот парк во малезиската држава Саравак на северниот дел на островот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag