Немојте слепо да верувате дека вашата сакана нема никогаш да ве изневери. Но кога ќе се појави сомнежот не брзајте, туку внимателно анализирајте го нејзиното однесување.
Сите може да бидат склони кон изневерување, а очигледните знаци прочитајте ги во продолжение.
Одеднаш и е важен нејзиниот изглед
Иако вас ви се допаѓа каква што е, сепак таа поголемиот дел од времето го поминува пред огледалото. Се труди да биде сексипилна, носи облека… Баш како што тоа го правеше на почетокот да ве импресионира вас, за кого го прави овојпат тоа? Таа изгледа се поатрактивно и не се грижи за вашето мислење. Тогаш нешто не е во ред.
Независност
Некогаш бевте важни само вие двајцата. Се правевте заедно, а однеднаш таа сака да биде многу независна. Кога зборува не користи “ние” и се помалку се консултира со вас. Тоа е знак дека води двоен живот.
Изгубила интерес за сексот со вас
Порано обожаваше да биде со вас во кревет, сексот беше неверојатен и одеднаш тоа е минато. Таа повеќе не е заинтересирана да има секс со вас.
Повеќе не можете да го следите нејзиниот распоред
Можеби нема време за вас, ама кога ќе ја побараат пријателките таа веднаш наоѓа време за нив. Кога ја нема, обидете се да дознаете каде е и со кого.
Повеќе не сте и важни
Што има полошо од тоа девојката да не се грижи за вас? Ве игнорира, сеедно и е, а е среќна. Веќе не и е важно дали ќе одите некаде со неа бидејќи ќе најде друго друштво. Моментот кога ќе стане имуна на сето тоа на кое претходно приговарала, дефинитивно е најава за крај.