Ново контраверзно реално шоу: По „Парови“ почнува „Малдиви“

popara19 јуни, 20151min00
8

Месецов завршува најконтроверзното реално шоу на Балканот, „Парови“, а веднаш  потоа започнува ново – „Малдиви“. Според пишувањата на српските медиуми “Малдиви”ќе биде продолжение на “Парови”, бидејќи многу од учесниците ќе продолжат да учествуваат во новото шоу.

Понудени им се договори на учесниците на “Парови“ и оние кои допринесоа за гледаноста да биде голема. Поголемиот дел од учесниците се согласија да учествуваат во продолжението. Наводно се согласиле Наташа Шавија, Тијана Ајфон, Јелена Голубовиќ и Маца Дискреција – пишува “Informer”.

Некои веднаш ја одбиле понудата, бидејќи им дошло преку глава од се. Договорено е учесниците на кои им е понудено да учествуваат и понатаму во шоуто, да земат неколку слободни денови, а потоа да се вратат во новата куќа.

Продукцијата најави дека планира да вклучи и некои нови лица, интересни и контраверзни како оние кои се во оваа сезона.

Иако се шушкаше дека “Големиот Брат” можеби ќе се прикажува на оваа телевизија, продукцијата потврди дека тие не сакаат да купуваат лиценци, туку да емитуваат само свои формати.