
Дури кога ќе падне ноќ, ќе го видите Шангај во своето вистинско светло и раскош. Погледот на градот станува футуристичен, па и по малку надреален.


Футуристички облакодери, луксузни ресторани, скапи брендови. Ова е град во кој се сретнуваат истокот и западот. Станува збор за најголемиот финансиски и трговски центар во Кина. Покрај тоа, Шангај е и најголемото трговско пристаниште во светот. Неговата големина делува и фасцинантно и застрашувачки.

Реклами, неонски светла, гигантски натписи на англиски и кинески јазик блескаат од сите моќни облакодери. Ништо помалку интензивен не е ниту ноќниот живот. Богатите Кинези таму знаат да потрошат и до 100.000 евра.

Најголем, највисок и најбрз – за Шангај можеме да зборуваме само во суперлативи. Тоа се однесува и на нивниот сообраќај кој е одлично организиран. Во Шангај вози и најбрзиот воз на светот Маглев кој го спојува центарот на градот со аеродромот. Таа оддалеченост од 40 километри, возот ја поминува за помалку од 8 минути.

Шангај е град каде што непрестано се гради. Кинеските власти ги рушат старите стамбени згради во центарот, а на тие места „никнуваат“ футуристички облакодери.


Исто така, Шангај е прогласен за најдобар кинески град за живот. Само што, за да живеете таму потребно е да знаете да зборувате кинески, а исто така цените се многу високи.

Значи, ако некогаш ве однесе патот во Кина, задолжително посетете го најголемиот кинески град каде што имате чувство како секогаш да е Божиќ – град на светлината, стаклото и високите згради – прекрасниот Шангај.

