Најпознатиот модел во светот Кара Делевињ е на врвот на топ листата на најбарани модели веќе неколку години. Иако има само 22 години, таа успеа да зачекори на модните писти на најекслузивните модни куќи. Таа е муза на многу модни дизајнери меѓу кои е и Карл Лагерфилд претставникот на модната куќа Шанел. Модните експерти за неа тврдат дека таа е новата Кејт Мос. Каде и да се појави Кара ги привлекува погледите на сите присутни. Погледнете дел од нејзиниот софистициран и уникатен стил кој го презентира на црвениот тепих.