Што изјави Амел Чуриќ по победата во X Фактор?

popara23 јуни, 20151min00
5

Амел Чуриќ, човекот кој го освои првото место во втората сезона на X Фактор Адриа вели дека ќе му требаат неколку дена да ги собере впечатоците по суперфиналето.

Нe можам да поверувам дека победив два пати во животот! Искрено, мислев дека за мене веќе нема шанса – изјави Амел на пресконференцијата по победата во регионалното шоу.

Покрај него седеше и Боби Мојсовски кој го освои второто место, а за кого Амел предчувствувал дека ќе му биде ривал во самото финале.

– Еве сега се сеќавам дека предвидев уште во буткампот. Тогаш му реков на Боби, а може и тој да потврди, дека ние се загреваме за во финале.

Победникот на овогодинешниот X-Фактор вели дека уште не направил детален план како ќе ги троши парите, но дека сигурно ќе отиде со Боби на ручек.

Шармантниот Сараевчанец на тој ручек ќе ја одведе и својата девојка, за која што не обожава многу да разговара со медиумите.

– Се вика Јелена и е од Сараево, повеќе од тоа нема да кажам- вели Амел.

Тој најави дека нема да чека „кариера“ како некои од неговите колеги, туку веднаш ќе се впушти во „огнот“.

– Нема да чекам година, две… Сакам веднаш да снимам албум, да тргнам во акција – вели дечкото кој дефинитивно успеа да завладее со сцената во белградската „Арена“.