10 најсмешни изговори за неверството

popara25 јуни, 20151min00
2 copy

Дефинитивно, ова се десетте најсмешни извинувања или изговори кои популарните личности гикажале во моменти кога биле “фатени” дека го изневеруваат својот партнер, или партнерка, или кога за нивното име се врзувала некоја секс афера:

1. “Бидејќи ми се можеше!” – Рекол поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон во телевизиското шоу на Ден Рајдер “60 минути” на прашањето во врска со секс аферата со Моника Левински.

2. “Затоа што и се восхитувам!” – Кажал Били Роб Тортон кога ја остави својата петта сопруга Анџелина Џоли поради секс аферата со некоја келнерка. “Јас ја изневерив Анџелина поради страв. Таа е преубава и многу паметна. Се чувствувам инфериорен во однос на неа. Искрено, бев преплашен.” – додал Били.

3. “Кабалата ми го испра мозокот.” – Ова не се зборови на Алекс Родригез за наводната афера со Мадона, туку зборови на неговата сопруга. “Мадона го контролира мозокот на Алекс.” – е приказната која неговата сопруга ја “продаде” на медиумите.

4. “Јас сум посебен и единствен.” – Изјавил сенаторот Џон Едвардс за жолтиот печат во врска со секс скандалот со една од организаторките на неговата кампања, Рели Хантер. “Во духот на мојата кампања, станав самоуверен и сфатив дека сум посебен. Признавам дека сум нарцисоиден.“

5. “Во темнина сите сте ми исти.” – Популарната реченица на промискуитентниот ПаблоПикасо. Една вечер, додека својата Дора ја изневерувал со Франсоаз, се обидел да се “испере” за своите бројни афери: “Не постои ништо слично меѓу две убави пудлици, исто е и со жените.“

6. “Јас само ја работам својата работа.” – Ладнокрво кажал Џон Бон Џови во 2006‐тата година и додал “Неверството е составен дел од работата на една вистинска рок ѕвезда.“. За живо чудо, оваа негова изјава не ги разниша темелите на неговиот брак со карате инструкторката

Доротеја Харли. Нивниот брак траеше цели 19 години.

7. “Хмм.. добротворни цели.” – Се обидел да се оправда Еди Марфи во 1997‐мата откако бил фатен на дело со проститутка во неговиот автомобил на паркинг во Холивуд. Еди ја убедуваше јавноста дека девојката била сиромашна, а тој премногу хуман, и сакал само да ја пренесе до дома. “Често гледам проститутки на раскрсниците, а тие реагираат поприлично емотивно на мене. Јас сум хуман човек, како да не им помогнам?” – изјавил на шега ﴾или не﴿ за холивудските таблоиди.

8. “Не успев да се одвикнам!” – Промрморел Дејвид Духовни кој јавно е деклариран како човек кој е зависник од љубов и секс. За оваа своја навика, Дејвид бил на рехабилитација која завршила без успех.

9. “Потребно ми е внимание.” – Иако, подолг временски период пробувал да се задоволи со порно филмови од интернет за кои потрошил повеќе од 3.000 американски долари Питер Кук, сепак завршил во кревет со неговата 18‐годишна асистентка и ја изневерил својата долгогодишна девојка и потенцијална сопруга Кристи Бринкли. Во интервју за Барбара Волтерс изјавил: “Повеќе внимание и едно благодарам ќе беа огрмоно признание за трудот кој го вложувам. Тоа од Кристи никогаш не го добив.“

10. “Со секс ги надминувам моите хронични главоболки.” – Во една прилика изјавил Кенеди за своите вонбрачни секс средби. “Ако подолго од три дена сексуално апстинирам, добивам опасни главоболки.” – додал Кенеди.