
Шест жени од редакцијата на сајтот BuzzFeed одлучиja да се направи експеримент и да позираат во костими за капење на “Викторија Сикрет”, за да покажат како моделите им стојат на обичните жени.
Девојките ја направиле фотосесијата на плажа во Малибу и ги имитирале позите на сите манекенки, кои се снимале за време на летната кампања на брендот. Идејата на интересниот потфат е да покажат како костимите стојат на обични тела кога не се носени од “ангелите”.
“Важно е сите жени со различни форми да имаат јасна идеја како точно ќе изгледа тоа врз нивното тело.
Слободно може да се каже дека експериментот е успешен и покажува како “идеалните” жени најчесто се плод на фотошоп и компјутерот.




