Пред 6 години го снимил Дејвид Девор постариот кога видел во каква состојба е неговиот син по посета на стоматолог.
Иако на почеток сакал видеото да го испрати само на сопругата Теси, на крај го објавил на Јутјуб.
Видеото во првите три дена собра повеќе од три милиони прегледи, додека денес брои 130 милиони. Дејвид денес е средношколец, а неговото семејство живее од видеото кое настана 2009. година.