Дека годините се само број, најдобро покажува 47-годишната Кајли Миног, која со секој нов сет фотографии ги воодушевува своите фанови со својот изглед.
Така било и сега, кога Кајли, како заштитно лице на една компанија, позирала во долна облека. Покрај тоа што била успешна и како модел, покажала дека има тело на кое би и позавиделе и многу помладите колешки.
Со многу малку шминка на себе, во интересен амбиент, пејачката блескала пред фотоапаратите.
Прекрасната Кајли на елегантен начин ја претставила новата колекција на долна облека, која не бара многу креација, а изгледа повеќе од провокативно.