Никогаш не било полесно да се дојде до секс, па сепак одреден број на мажи преферираат да платат за „љубов“ отколку да се впуштат во врска. Зошто е тоа така?
Бројки
Минатата година беа објавени резултати од истражување кое покажало дека во Велика Британија еден од десет мажи платил за услугите од проститутка.
Во резултатите од истражувањето објавено во магазинот „Sexually Transmitted Infections“ има податок и дека кон уживање во магиите на професионалите најсклони се мажи на возраст измеѓу 25 и 34 години, кои конзумираат алкохол и наркотици.
ЗОШТО?
Голем број мажи кои зад себе имаат многу сексуални партнерки признале дека еден дел од нив го сочинуваат „продавачките на љубов“. „Тоа не се вклопува во стереотипната слика на постар и осамен човек“, истакнува доктор Кет Мерсер, пишува „Men’s Health”.
Меѓутоа, ако мажите веќе не сакаат да се врзуваат емотивно, зошто во време кога во светот владеат врските за една ноќ, повремени комбинации, другарски секс, кога е можно да се најде девојка расположена само за тој вид на дружење речиси на секој чекор, припадниците на посилниот пол бираат некому да платат за оргазам?
Минатата година, британски „Cosmopolitan“ објави објаснувања за овој феномен од неколку мажи кои ги користеле услугите на проститутки. Тие го навеле следното:
„Спијам со ескорт дами на бизнис патувања“, рекол 28-годишниот Сем и ја појаснил својата причина. „ Со таквите девојки, станува збор само за краткорочно задоволство, а ми се допаѓа недостатокот на емоционална вклученост и фактот дека тука нема неверство. Јас сакам секс. Таа сака пари. Ако и двајцата уживаме на патот кон исполнување на своите желби – уште подобро“.
„Спијам со проститутки кога не можам да разговарам со жените“, објаснува 36-годишниот Џо од Лондон.
Тој истакнува дека нема премногу самодоверба кога ќе се најде во близина на жени. Се обидел да запознае девојки преку интернет, но не му одело, па се свртел кон дамите кои се занимаваат со најстариот занает.
„Ангажирав проститутка со својата девојка“, признава 30-годишниот Ричард, стилист од Лондон, кој открил дека неговата девојка некогаш била стриптизерка и е многу слободна кога се работи за сексот, па одлучила да се забавуваат на овој начин – иако му било забрането со проститутката, всушност, да има сексуален однос. Се` останато му било допуштено.