И покрај многубројните обврски кои ги има, српската пејачка Гоца Тржан одлучила малку да се одмори па заминала на заслужен краток одмор.
Пејачката во друштво на својата ќерка Лена и свршеникот Рашо отпатувале кај нашиот јужен сосед Грција.
На социјалните мрежи фановите ги почестила со неколку фотографии од патувањето, и истакнала дека така изгледа нејзиниот идеален одмор.
– Одмор од моите соништа: пријатели, дивина, фантастична куќа со базен, тераса, скара, приватна песочна плажа – напишала таа.
Неколку дена потоа, Гоца објавила фотографии од плажата на кои позирала топлес.