Ослободете се од целулитот за 30 дена

popara26 јуни, 20151min00
11

Благодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми и третмани, дома можете сами да си направите евтино средство кое навистина може да ви помогне.

Составот на овој лосион е многу поедноставен во споредба со комплицираниот состав на купечките креми и гелови со стотици хемиски состојки кои најчесто не функционираат.

Направете го овој лосион и секојдневно со него мачкајте ги погодените места. Резултатите ќе бидат набрзо видливи, секако доколку сте упорни.

Потребни состојки:
  • ½ јаболко
  • 2 моркови
  • 1 краставица
  • ¼ главица свежа зелка
  • 1 лимон
Начин на подготовка:

Направете сок од сите овие состојки, добро измешајте и протресете.

Начин на употреба:

Нанесувајте го секој ден по еднаш, најдобро пред туширање. Вмасирајте го на сува кожа во деловите кои се зафатени со целулит и погрижете се добро да впие.

Облечете стари памучни хеланки, седете или лежете и после половина час истуширајте се.

Остатокот од сокот чувајте го во фрижидер. Подготвувајте нова тура од лосионот по потреба.

Комбинацијата на овие моќни сокови кои се познати по своето фантастично дејство во дермалната примена, ќе ви ја зацврстат кожата, ќе ви ја поттикнат циркулацијата, ќе ви ја намалат збрчканоста на кожата и секако видливоста на самиот целулит.

Вежби и исхрана кои ќе придонесат за посилни ефекти во текот на третманот

Додека го применувате овој лосион, секој утро пијте по 2 големи лажици јаболков оцет растворен во голема чаша вода.

Ако сакате долготрајно да ги задржите добиените резултати, време е да почнете да практикувате и некои други здрави елементи во вашиот живот. Размислете за јога, вежби за зацврстување, брзо одење, пливање, танцување, скокање на трамполина, боречки вештини…

Создадете секојдневна навика да вежбате по 20 минути 5 дена во неделата. Вашето тело ќе се врати во рамнотежа и ќе се намали целулитот.

Исхраната базирана на намирници со помала количина на масти помага во намалување на целулитот како што се житариците, а исто така помага и за исфрлање на токсините од телото. Овошјето и зеленчукот како аспарагус, авокадо, банана, брокула и крушка се одлични за превенирање на развојот на целулит. Затоа секој ден обидувајте се да јадете по 5 мали порции од овие намирници.

Други корисни додатоци кои можете да ги вклучите во вашата исхрана се омега 3 масните киселини, лененото масло, гинко билобата и соиниот лецитин. Тоа се многу ефикасни додатоци во исхраната кои делуваат на подобрување на циркулацијата, метаболизмот и штитат од оштетување на клетките.

И за крај, држете се настрана од алкохолот, шеќерот, цигарите и кофеинот, бидејќи тие ги намалуваат крвните садови и го влошуваат изгледот на целулитот. Исто така обидете се да намалите со внесувањето на сол, со оглед на тоа што таа го поттикнува задржувањето на водата, а со тоа и видливоста на целулитот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag