Во што е тајната на „лошите девојки“?

popara15 август, 20151min00
15

Не знаете како да љубите од се срце, вечно, како вашата пријателка, за која љубовта е светост, а партнерот господар, ниту сте совршената сопатничка.

Секогаш ги ставате своите потреби, пред неговите. Секогаш вие сте центарот на вашиот свет. Пријателките се тука цел живот, а тој е пролазен патник, еден од многуте во вашиот живот, а дали утре ќе биде тука никогаш не се знае… Но мажите сепак ве сакаат! Па во што е тајната на „лошите девојки“?

Токму затоа што сте свесни дека вашите пријателки се вашето најголемо богатство, вие не сте од оние девојки кои кога ќе фатат дечко тој станува епицентар и со својата појава руши се што за вас до вчера било примарно.

Зрачите со самодоверба, привлечни сте и губењето на партнерот не е вашата најголема ноќна мора. Сепак има безброј момчиња на светот, а ве бодри и фактот дека секоја наредна врска е подобра од претходната. Веќе сте побогати за искуство и се подобро учите што сакате да имате покрај себе пред олтарот.

Иако сте модерна девојка и верувате во слобода и промена на повеќе партнери, сепак тој што ќе го одберете, тој вистинскиот, сакате да биде за цел живот.

„Лошите девојки“ можат да си заминат во секое време од животот на партнерот, доколку барем малку се почувствуваат повредени, омаловажени или едноставно ако тонат во монотонија.

Токму ова го зголемува нивото на адреналин кај мажите и тие се “луди“ по вас како и првиот ден. Љубител сте на слободни вечери кога ќе излезете на коктели заедно со другарките и знаете да се забавувате.

Тој се гордее што ве има крај себе и вие сте доказ дека може да ја заузди и „најбесната ѕверка“.  Лошате девојка е возбудлива авантуристка која сака да ризикува во животот.

Со неа никогаш нема да му биде здодевно, особено ако е еден од оние некреативни момчиња „Каде сакаш таму ќе одиме.“

Лошата девојка која е комбинација од висок просек на факултет, успех на работното поле и која паралелно ужива во ноќните лудувања и има момче покрај себе е ретка комбинација, која би ја посакал не само секој маж, туку и секој родител за снаа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag