Таа е “виновникот“ за разводот кој го потресе Холивуд

popara6 јули, 20151min00
09

Фановите на актерската двојка Бен Афлек (43) и Џенифер Гарнер (43) се длабоко разочарани со вестите дека позната двојка се разведува по 10 години брак.

Изминатите денови фановите на Бен и на Џенифер посебно биле разбеснети од гласината дека Бен ја оставил Џенифер поради помлада и поатрактивна актерка Марго Роби со која глуми заедно во филмот „Suicide Squad“.

И додека некои извори од Австралија наведуваат дека тоа не е вистина, магазинот „Воменс тудеј“ пишува дека Бен бил заведен од Марго и дека се вљубил во оваа 25-годишна убавица.

robi-2

– Бен се „загреа“ за Марго откако ја виде во филмот „Волкот од Вол стрит – вели неименуван извор.

Бен и Џенифер потврдија дека се разведуваат, а заедно имаат три деца. Во меѓувреме Марго била видена како се забавува со своето момче Том Екерли.