11 светски чуда за кои се уште нема објаснување!

popara6 јули, 20151min00
16

Светот е полн со чуда. За повеќето од нив научниците понудиле објаснувања, но за некои од нив се уште не можеме да најдеме вистинско објаснување без оглед на тоа колку време би вложиле во нивно набљудување.

Кинески мозаик линии

Овие чудно поставени линии се наоѓаат на координатите 40°27’28.56“N, 93°23’34.42“E. Не постојат многу информации за овие чудни, но сепак убави линии врежани во пустината во провинцијата Гансу Шенг во Кина. Додека некои сметаат дека тоа е таен воен полигон, други мислат дека се работи за порака на посетителите од вселената. Меѓутоа, вистинско објаснување нема.

Камена кукла

Пронајдена во јули 1889 година во Нампа, во Ајдахо, оваа малечка камена кукла го виде светлото на денот за време на копањето на бунар и потоа предизвика интерес кај научниците ширум светот. Без никаков сомнеж, направена е од човечка рака, а пронајдена е на длабочина од 100 метри, со што може да се пресмета дека настанала одамна пред овде да се појави човекот прв пат.

Календар од камен

Во египетскиот дел на пустината Сахара лежат најстарите познати астрономски наредени камења на светот – Набта. Илјада години пред Стоунхенџот, луѓето ги ставале камењата во круг на брегот на езерото кое одамна пресушило. Овие камења високи 3 метри донесени се овде пред 6.000 години. Иако денес ова подрачје на Египет е пустина без врнежи, овде некогаш живееле одамна изумрени бизони. Ископините покажуваат дека ова подрачје некогаш било многу населено. Прашањето зошто служеле овие камења се уште не го добило својот одговор. Додека некои сметаат дека служеле како календар, други мислат дека на нив се принесувале жртви на боговите.

Древен вселенски брод

Не станува збор за летало, туку за цртеж во пештера која датира 5.000 години пред Исус, а се наоѓа во Јапонија.

Силата на пирамидите

Овие пирамиди се наоѓаат во Теотиукан во Мексико. Во нивните ѕидови вграден е минерал познат под името мица. Она што е зачудувачки е фактот дека најблискиот каменолом во кој се наоѓа овој минерал е во Бразил, на илјадници километри од пирамидите. Прашањето кое се поставува е зошто древните градители поминале толкав пат за да го вградат овој минерал во ѕидовите на пирамидите? Дали со овој камен впивале некоја одамна заборавена енергија за да го зачуваат својот град?

Фосилен џин

Овој фосилен џин пронајден е во Ирска во 1895 година. Висок е 3,6 метри. Откриен е за време на минирање на блиската планина. Освен неговата висина, зачудува уште и фактот што на секое стапало и на рацете има по шест прсти.

Потопени пирамиди

Покрај кубанското крајбрежје на неколку метри се наоѓаат потопени пирамиди. Ги пронашле американски археолози и веднаш разгласиле дека ја пронашле Атлантида. Не постојат никакви пишани податоци за кој град би можел да станува збор, па остануваат само нагодувањата.

Џинови од Невада

Постои легенда за 4 метри високи црвенокоси луѓе кои живееле во Невада. Легендата за тие луѓе ја пренесуваат индијанските племиња. Подоцнежните ископувања на подрачјето на Невада резултирале со ископување на голема човечка вилица и два костури. Еден со висина од 2,8 метри, а другиот 3,5 метри.

Мост на кучешката смрт

Ова е мост од каде што кучињата извршуваат самоубиство. Се наоѓа во Шведска, изграден е во 1859 година и познат е по тоа што ногу кучиња скокнале од него без никаква причина. Локалните сопственици на кучиња го избегнуваат ова место, бидејќи кучињата во негова близина стануваат чудни и цивкаат, а оние кои ќе избегаат од подводникот скокаат од мостот во 50 метри длабока провалија.

Алуминиумски тег

Можеби изгледа дека постои објаснување за алуминиумскиот тег, но фактот дека е изработен од чист алуминиум и дека е стар околу 500 години, зборува дека има нешто чудно во врска со овој тег. Имено, алуминиумот во природата никогаш не доаѓа како чист метал, туку во мешавина со други метали. А кога ќе земеме во предвид дека алуминиумот е откриен дури во 1808 година, а неговото производство почнало дури во 1885 година, овој тег станува уште почуден.

Лаладоф чинија

Оваа чинија е 12.000 години стар камен пронајден во Непал. Изгледа дека Египет не е единствено место кое било посетено од страна на мали зелени луѓе. На чинијата е прикажан летачки брод во облик на диск, но и фигура која потсетува на човечки дојденец од вселената.