Памела Јакобс од Лидс, Велика Британија, има 52 години иако сите мислат дека таа е во своите 20-ти. Таа вели дека нема посебна тајна за нејзиниот младешки изглед.
– Целиот свој живот се хранам здраво, а кокосовото масло го користам за се, си вежбам редовно, одам често во сауна, на моето лице му правам пилинг секој ден и никогаш не излегувам од дома без очила за сонце – вели оваа атрактивна дама.
– Се случувало луѓето да помислат дека мојот син и јас сме момче и девојка, поради мојот младешки изглед – вели оваа шармантна Британка.
Таа истакнува дека девојките на нејзиниот син се „плашат“ кога ќе ја видат.
– Отпрвин не знаат за што се работи. Чудно им е, но подоцна се навикнуваат на мојот изглед – вели оваа згодна мајка.
Памела за „Дејли меил“ изјавила дека нејзината мајка и нејзините браќа и сестри исто така имаат младешки изглед, а тоа го препишува на нивните гени, здравата исхрана и редовното вежбање.