Иако веќе зачекорија во 5-та деценија од животот, не дозволуваат тоа да влијае на изгледот и на нивните омилени бикини.
Тие се негувани, во одлична форма и изгледаат неодоливо за свои години:
Деми Мур, 52 години
Актерката која има полни 52 години, е силна конкуренција на помладите колешки во Холивуд. Не е ни чудо што со години добро се снаоѓаше со својот помлад избраник Ештон Качер.
Хали Бери, 48 години
Совршено и прилега описот „жена мачка“ до ден денес. Хали Бери како да не старее, а совршените облини со децении се на свое место.
Хилари Свонк, 40 години
Стегнати стомачни, без масни наслаги и порцелански тен е она со што може да се пофали оваа актерка која штотуку зачекори во 5-та деценија.
Камерон Дијаз, 42 години
Холивудската убавица лани се пофали со совршено стегнатите стомачни и задник во минијатурен костим за капење, со што заслужено влезе во оваа листа.
Кармен Електра, 43 години
Господарка на сексапилот и жена по која воздивнуваат мажите со децении, дефинитивно може да се пофали со совршено тенок струк и бујни облини.
Наоми Вотс, 46 години
Оваа австралиска убавица со години е позната по својата тенка фигура, па и во 5-та деценија ништи не е променето.
Памела Андерсон, 47 години
„Чуварката“ која сигурно ја паметите во црвен целосен костим за капење, изгледа одлично и неколку децении подоцна. Градите и русата коса остануваат непроменети, исто како и сексапилот со кој зрачи на 47 години.